четврток
29.07.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп
Сакам да кажам

Скис­на­та бо­за

Ве­ро­на­у­ка во хо­те­лот "Из­грев"... Пишува Горан Михајловски

1  Ја мо­лам црк­ва­та, пра­те­ни­ци­те на ВМРО-ДПМНЕ и Вла­да­та ба­рем за вре­ме на вер­ски праз­ник да прес­та­нат да ин­сис­ти­ра­ат на но­ви по­дел­би: Ма­ке­дон­ци - не­ма­ке­дон­ци, хрис­ти­ја­ни - ан­тих­рис­ти, вер­ни­ци - не­вер­ни­ци...
Во ци­ви­ли­зи­ра­на др­жа­ва и ци­ви­ли­зи­ра­но оп­ште­ство има са­мо ед­на по­дел­ба: на лу­ѓе што ги по­чи­ту­ва­ат Ус­та­вот и за­ко­ни­те и на лу­ѓе што не ги по­чи­ту­ва­ат.
Ве­ро­на­у­ка­та во др­жав­но­то ос­нов­но об­ра­зо­ва­ние по втор пат па­ѓа на Ус­та­вен суд. Ед­наш ко­га бе­ше во­ве­де­на ка­ко фа­кул­та­ти­вен пред­мет и се­га ка­ко за­дол­жи­те­лен из­бо­рен пред­мет.
Ај да ре­че­ме де­ка Вла­да­та со нај­доб­ра на­ме­ра ги из­гот­ви­ла си­те за­ко­ни што пад­наа на Ус­та­вен суд. Но, ис­то та­ка, знам де­ка од­лу­ка­та на Ус­тав­ни­от суд е ко­неч­на и из­врш­на. И - точ­ка.
Са­кам да ве­ру­вам де­ка ко­га ги до­не­ле за­ко­ни­те би­ле свес­ни за од­го­вор­нос­та што ја пре­зе­ма­ат. Се­га со ис­та­та од­го­вор­ност не­ка се со­о­чат со пос­ле­ди­ци­те од тоа што до­не­ле не­ус­тав­ни за­ко­ни.
Тоа е од­го­вор­но од­не­су­ва­ње на од­го­вор­на вла­да. А не пуш­та­ње на сту­ден­тот Ѓор­чев да ми рас­ка­жу­ва при­каз­ни ка­ко би­ло во дру­ги­те зем­ји и кол­ку за­вис­ни­ци на хе­ро­ин има­ло.Тој сво­јот Ус­тав не си го поз­на­ва, а не пак да ми збо­ру­ва за ус­та­ви­те на дру­ги­те зем­ји.
Од­го­вор­на и воз­рас­на вла­да се­га ќе нај­де на­чин што да им пра­ви на тие што ги вра­бо­ти да пре­да­ва­ат ве­ро­на­у­ка и ис­то­ри­ја на ре­ли­гии. Ис­то ка­ко што мо­ра да нај­де на­чин да им ги вра­ти па­ри­те на тр­гов­ци­те на кои им на­ло­жи да ста­ва­ат пат­ри­от­ски ка­си. И не­ка нај­де па­ри за си­те мај­ки што ќе ро­дат вто­ро, тре­то, чет­вр­то де­те без раз­ли­ка да­ли жи­ве­ат во оп­шти­ни ка­де при­род­ни­от при­раст е под, или над 2,1 про­мил.
Ако Вла­да­та и пра­те­ни­ци­те си доз­во­лу­ва­ат да не по­чи­ту­ва­ат од­лу­ки на Ус­тав­ни­от суд, то­гаш го пот­ко­пу­ва­ат по­ре­до­кот и ја се­чат гран­ка­та на ко­ја се­дат. Да­ли се свес­ни де­ка со ос­по­ру­ва­ње на Ус­тав­ни­от суд от­во­ра­ат вра­та за анар­хи­ја? Ка­ко мис­лат да вла­де­ат во зем­ја во ко­ја не се по­чи­ту­ва Ус­та­вот?

2  Пог­ла­ва­рот на МПЦ г.г. Сте­фан по­ви­ка да се пре­ки­не про­го­нот на ве­ра­та на прос­то­рот во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.
Во Ма­ке­до­ни­ја со Ус­тав е га­ран­ти­ра­на сло­бо­да­та на ве­ро­ис­по­вед на се­кој гра­ѓа­нин. Но, не е доз­во­ле­но ве­ро­на­у­ка­та да се фи­нан­си­ра од па­ри од Бу­џе­тот. За­тоа што тоа се за­ед­нич­ки па­ри, а ова е се­ку­лар­на др­жа­ва и за­га­ран­ти­ра­но­то пра­во да се би­де ре­ли­ги­о­зен не е по­го­ле­мо од за­га­ран­ти­ра­но­то пра­во да не се би­де ре­ли­ги­о­зен.
Во се­ку­лар­на др­жа­ва Гос­под е Ус­та­вот. Амин.
Та­ка што ко­га пог­ла­ва­рот Сте­фан збо­ру­ва де­ка не­кој ја про­го­ну­ва ве­ра­та, бру­тал­но ма­ни­пу­ли­ра со за­ме­на на те­зи­те. Не се про­го­ну­ва ве­ра­та, ту­ку со не­по­чи­ту­ва­ње на Ус­та­вот се про­го­ну­ва прав­на­та др­жа­ва.
Ми­нис­те­рот за об­ра­зо­ва­ние Пе­тар Сто­ја­нов­ски ре­че де­ка Ус­тав­ни­от суд ја уки­нал фор­ма­та на ре­а­ли­за­ци­ја­та на ве­ро­на­у­ка­та, но не и пот­ре­ба­та од ре­а­ли­зи­ра­ње на ве­ро­на­у­ка. Но, тоа не тре­ба да би­де не­го­ва гри­жа, би­деј­ќи тој е др­жа­вен служ­бе­ник. Тоа тре­ба да би­де гри­жа на пог­ла­ва­рот г.г. Сте­фан. И на дру­ги­те вер­ски за­ед­ни­ци кои има­ат пот­ре­ба за тоа.
Впро­чем, ни­кој ни на МПЦ, ни­ту на ко­ја би­ло вер­ска зед­ни­ца не им заб­ра­нил да ор­га­ни­зи­ра­ат свои шко­ли и гра­дин­ки и та­му да одр­жу­ва­ат вер­ска нас­та­ва.
Еве на при­мер, МПЦ не­ка ор­га­ни­зи­ра лет­ни кам­по­ви во Стру­га. Ве­ро­на­у­ка ќе се учи во хо­те­лот "Из­грев". А де­ца­та до та­му ќе мо­жат да ги во­зат во ска­пи­те ко­ли и лук­суз­ни­те џи­по­ви. Та­ка вла­ди­ци­те со ли­чен при­мер ќе ги учат де­ца­та на скром­ност, да не ла­жат и да не кра­дат. И - да ги по­чи­ту­ва­ат дру­ги­те.

3  Ко­га на оваа Вла­да поч­наа да $ па­ѓа­ат за­ко­ни­те на Ус­тав­ни­от суд, еден пра­вен ек­сперт ре­че де­ка се чу­ди да­ли ги пра­ват бо­за­џии, или прав­ни­ци. Или прав­ни­ци­те што ги вра­бо­ти­ле се раз­би­ра­ат од пра­во кол­ку бо­за­џи­и­те, или тол­ку се ис­пла­ше­ни од Вла­да­та оти се пос­та­ве­ни од пар­ти­ја­та, па мо­ра­ат и тоа што не чи­ни да го спро­ве­дат во за­кон.
Та­ка до­бив­ме ло­ши за­ко­ни. А и бо­за­та скис­на.

4  Јад­ран­ска­та трој­ка Хр­ват­ска, Ма­ке­до­ни­ја и Ал­ба­ни­ја ја ви­каа ја­то што тре­ба­ше да вле­зе за­ед­но во НА­ТО. От­ка­ко НА­ТО не нe при­ми оти не са­кав­ме да го сме­ни­ме име­то ка­ко што ба­ра­ше Гр­ци­ја, вле­гоа са­мо Хр­ват­ска и Ал­ба­ни­ја.
Се­га има но­во ја­то за НА­ТО. Ќе вле­гу­ва­ме за­ед­но со Цр­на Го­ра и Бос­на и Хер­це­го­ви­на. Ние ќе сме им по­ма­га­ле во ре­фор­ми­те. Па пос­ле тие ќе вле­зат, а ние пак ќе из­ви­си­ме.
Ќе ос­та­нат са­мо уш­те Ср­би­ја и Ко­со­во. Ама тие не тре­ба да се гри­жат. Ќе ги пре­че­ка­ме, ќе им ги об­јас­ни­ме пред­нос­ти­те на НА­ТО и ќе ги ис­пра­ти­ме.
Оти НА­ТО е ед­на се­ри­оз­на ор­га­ни­за­ци­ја. Во ко­ја Ма­ке­до­ни­ја ќе ја има уло­га­та на од­бор за пре­чек и ис­пра­ќа­ње. Не е НА­ТО ви­нов­но што Ма­ке­до­ни­ја е та­ков бак­суз да ја има Гр­ци­ја за со­сед.

5  Ве­ли­ја Рам­ков­ски одед­наш пре­ку ноќ ста­на гла­вен кри­ти­чар на Вла­да­та. Што се слу­чи? Раз­брал де­ка ќе му пра­ќа­ат ин­спек­то­ри, па одед­наш ги ко­рис­ти сво­и­те ме­ди­у­ми да се по­ка­же ка­ко бо­рец за сло­бо­да на го­во­рот? Па ка­ко и до се­га Вла­да­та ќе се ис­пла­ши де­ка во не­го­ви­те ме­ди­у­ми ќе би­де прет­ста­ве­на ка­ко не­де­мок­рат­ска и ќе се от­ка­же од ин­спек­ци­и­те.
Та­ка е ко­га Гру­ев­ски по ур­не­кот на Ве­ли­ја си соз­да­де но­ва биз­нис ели­та со след­на­ва де­фи­ни­ци­ја: Ем да дол­жиш па­ри, ем да не пла­ќаш, ем да би­деш го­лем газ­да, ем влас­та да те ми­лу­ва, ем опо­зи­ци­ја­та да ти се упи­ку­ва.
Ве­ли­ја е ма­ке­дон­ско еко­ном­ско чу­до. Поч­на со пи­леш­ки ко­па­ни од Аме­ри­ка, а се­га са­ка да за­вр­ши со швед­ско мле­ко. Не­му му ус­пе­ва и не­воз­мож­но­то. Од пи­ле да до­бие мле­ко.


Текстот е прочитан 16011 пати.
#
Останати наслови од Сакам да кажам



  
  
  
  
  

 
најчитани наслови
1. Скис­на­та бо­за
2. Изе­ла 10 кг. јаг­неш­ко за пет ча­са
3. Зготвила ручек со менструална крв за газдарицата
4. Диета со супа од зеленчук
5. Зграпчи го Вест
6. Ја забременил 16-годишната ќерка
7. Кои им се најголемите неисполнети желби на политичарите
8. Бик на ражен за Груевски
9. Викенд хороскоп 18 04
10. Приштина дозволи при­ват­на по­се­та на Та­диќ
Дебелиот Трпе стои пред детска градинка.
Поминува покрај него воспитувачката и го прашува:
- Извинете вие чекате дете?
- Не, тоа ми е од пиво!!

***

Зошто кравата пасе трева?
- Нема раце да ја корне!