четврток
09.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп
Книга

КНИ­ГА НА НЕ­ДЕ­ЛА­ТА

"Го­во­рот на те­ло­то - ка­ко да ги чи­та­те мис­ли­те на дру­ги­те пре­ку нив­ни­те гес­то­ви" од Алан Пис

Илус­три­ра­но­то из­да­ние на кни­га­та на Алан Пис ги от­кри­ва дви­же­ња­та и гес­то­ви­те на лу­ѓе­то и тај­ни­те на не­вер­бал­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја.
Чо­ве­ко­ви­те жел­би, на­ме­ри и ста­во­ви нај­точ­но се из­ра­зу­ва­ат пре­ку го­во­рот на те­ло­то, заш­то тоа се ав­то­мат­ски ре­ак­ции, а не смис­ле­ни. Збо­ро­ви­те мо­жат да ла­жат и вие ни­ко­гаш да не го за­бе­ле­жи­те тоа, но гес­то­ви­те ни­ко­гаш не го пра­ват тоа, би­деј­ќи свес­ни­от ум има мно­гу мал­ку кон­тро­ла ко­га ста­ну­ва збор за не­вер­бал­ни­те сиг­на­ли.
На­у­че­те што зна­чат ту­ѓи­те гес­то­ви и се­ко­гаш точ­но ќе зна­е­те да­ли не­кој ве ла­же, ви ла­ска, се сра­ми, ви се дод­во­ру­ва, му се до­па­ѓа­те. Кни­га­та ве учи и кои гес­то­ви тре­ба да ги пра­ви­те на љу­бо­вен сос­та­нок, на ин­тер­вју за ра­бо­та и во си­те клуч­ни ми­го­ви.
"Го­во­рот на те­ло­то - ка­ко да ги чи­та­те мис­ли­те на дру­ги­те пре­ку нив­ни­те гес­то­ви" е из­да­ние на "Арт" и се про­да­ва за 410 де­на­ри. Со исе­чо­ков од вес­ни­кот, во те­кот на след­на­та сед­ми­ца, мо­же да се ку­пи за 300 де­на­ри во кни­жар­ни­ца­та "Еги­пет­ска со­ну­вал­ка".

"Ле­ва ко­мо­ра" од Оли­ве­ра Ни­ко­ло­ва

"Ле­ва ко­мо­ра" е нас­ло­вот на крат­ка­та збир­ка рас­ка­зи на ед­на од на­ши­те нај­доб­ри про­за­ис­тки, наг­ра­ду­ва­на­та ав­тор­ка Оли­ве­ра Ни­ко­ло­ва.
Из­да­ва­чот "Тем­плум" за збир­ка­та пи­шу­ва: "Рас­ка­зи­те им­пре­си­о­ни­ра­ат со сво­ја­та зби­е­ност, стег­на­тост, ама ко­ја суш­тин­ски е неп­ре­тен­ци­оз­на. Еле­ган­тнос­та и суп­тил­нос­та на из­ра­зот го до­сег­ну­ва­ат ни­во­то на еле­ган­ци­ја".
Мо­же да се ку­пи за 225 де­на­ри.

"Ге­ри­ла мар­ке­тинг" од Џеј Кон­рад Ле­вин­сон

Оваа кни­га нап­ра­ви ре­во­лу­ци­ја во мар­ке­тин­гот. Џеј Кон­рад Ле­вин­сон, тат­ко­то на та­ка­на­ре­че­ни­от ге­ри­ла-мар­ке­тинг, се сме­та за гу­ру во све­тот на мар­ке­тин­гот.
"Ге­ри­ла мар­ке­тинг" им е на­ме­не­та на ма­ли­те фир­ми, кои пос­то­ја­но се со­о­че­ни со пре­диз­ви­ци­те на оп­сто­ју­ва­ње­то на па­за­рот. Кон­рад Ле­вин­сон ви ги от­кри­ва нив­ни­те тај­ни оруж­ја и алат­ки, кои во суш­ти­на се мно­гу ед­нос­тав­ни, ама ба­ра­ат пос­ве­те­ност и дол­го­роч­но ус­пеш­но го зго­ле­му­ва­ат про­фи­тот."Три" е из­да­ва­чот, а це­на­та е 690 де­на­ри.

"Зе­ле­ни ку­ќи" од Фи­лип Џо­ди­до

Из­да­ни­е­то на "Та­шен" прет­ста­ву­ва ко­ло­рит­на ком­би­на­ци­ја од раз­лич­ни ар­хи­тек­ти и нив­ни­те де­ла, поз­на­ти ка­ко "еко­лош­ки" град­би. Во кни­га­та ќе ја нај­де­те де­фи­ни­ци­ја­та на т.н. зе­ле­ни ку­ќи, нај­реп­ре­зен­та­тив­ни­те при­ме­ро­ци на зе­ле­ни ку­ќи ши­рум све­тот и со­ве­ти ка­ко мо­же­те да ги упот­ре­бу­ва­те еко­ма­те­ри­ја­ли­те, со­лар­ни­те ќе­лии на пок­ри­вот и дру­ги ма­ли тај­ни.
Це­на­та е 700 де­на­ри.

"Вни­ма­вај што по­са­ку­ваш" од Алек­сан­дра По­тер

Хе­дер Ха­мил­тон има куп жел­би, ма­ли, се­кој­днев­ни жел­би, кои пос­то­ја­но ги за­мис­лу­ва. Иа­ко сме­та де­ка ни­ко­гаш не­ма да $ се ос­тва­рат, еден ден на ули­ца си ку­пу­ва амај­ли­ја од не­ко­ја Ци­ган­ка. И по­тоа се пос­та­ву­ва пра­ша­ње­то да­ли ис­пол­ну­ва­ње­то на жел­би­те е бла­гос­лов или клет­ва.
Кни­га­та е дел од еди­ци­ја­та бес­тсе­ле­ри на "Кул­ту­ра".
Се про­да­ва за 520 де­на­ри. Б. Вел­ков­ска




Текстот е прочитан 1948 пати.
#
Останати наслови од Книга



  
  
  
  
  

 
најчитани наслови
1. Скис­на­та бо­за
2. Изе­ла 10 кг. јаг­неш­ко за пет ча­са
3. Зготвила ручек со менструална крв за газдарицата
4. Диета со супа од зеленчук
5. Зграпчи го Вест
6. Ја забременил 16-годишната ќерка
7. Кои им се најголемите неисполнети желби на политичарите
8. Бик на ражен за Груевски
9. Викенд хороскоп 18 04
10. Приштина дозволи при­ват­на по­се­та на Та­диќ
Дебелиот Трпе стои пред детска градинка.
Поминува покрај него воспитувачката и го прашува:
- Извинете вие чекате дете?
- Не, тоа ми е од пиво!!

***

Зошто кравата пасе трева?
- Нема раце да ја корне!