четврток
09.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Сакам да кажам

Ев­роп­ско чергиче

На одмор сум. Ама имав ентузијазам дека ќе го напишам "Сакам да ка­жам" оддалеку. И секоја вечер си ја арчев на Интернет. Барав интересни вес­ти од Македонија. Па кога ме фати очај, си протарашкав по сопс­тве­на­та архива. Да видам што сум пишувал во јули и во август изминатите дваесет го­ди­ни...Пишува Горан Михајловски

Еј, драги мои, дваесет години во Македонија ништо не се случува. Затоа од­лу­чив да ви дадам едно ретро "Сакам да кажам". Почнувам од јули 1997 го­ди­на, кога сме биле на прагот на ЕУ. Завршувам со август 2002, кога се бараше идиотот од корумпираните во Владата.
Не­кои имиња може само да замените. Но ако имињата ги гледате според пар­ти­ска припадност, сe ќе би биде исто. Дваесет години ништо не се ме­ну­ва. Само ние остаревме.


19 ју­ли 1997
"Не­ма место за разочарување туку за реалност", вели министерот за над­во­реш­ни работи Благој Ханџиски, коментирајќи ја одлуката на Европската ко­ми­си­ја во својата "Агенда 2000" да не ја спомене ни буквата "М" од на­ша­та држава, кога станува збор за проширувањето на Европската унија.
Не­ма место за разочарување туку за реалност. Европската унија по­ка­ни на преговори десет земји од Источна и од Средна Европа, а Ма­ке­до­ни­ја ја заборави, заедно со Албанија и СР Југославија. Разочарувањето би мо­же­ло да дојде подоцна. На пример, кога ќе патуваме за Бугарија со шен­ген­ска виза.
Не­ма место за разочарување затоа што, и покрај сe, нас Европа нe са­ка. Скоро исто колку НАТО. Ни признаваат дека сме подобри од дру­ги­те, нe удираат по рамо, ама ни викаат да ги сфатиме оти такви биле по­ли­тич­ки­те прилики, па нe бодрат да попричекаме некој друг круг за про­ши­ру­ва­ње. Првиот круг го пропуштивме, за вториот, очигледно, не нe есапат за жи­ви.. . Белки ќе дочекаме нешто во деветтиот круг.
Не­ма место за разочарување. Нам сите ни ја признаваат европската ори­ен­та­ци­ја. И постојано нe тешат дека вратата за членство во НАТО и во ЕУ е отворена. Само треба да се пречекори прагот. Бидејќи многу сме нап­ред­на­ле и со демократските реформи, и со пазарната економија, и со при­ва­ти­за­ци­ја­та, веќе сме на прагот на Европа. Таму каде што обично стои чер­ги­че­то за бришење чевли.
Не­ма место за разочарување. Туку за реалност. Реалноста е раз­о­ча­ру­вач­ка. Македонија е чергичето на Европа.

11 ју­ли 1998
Пов­тор­но е актуализирана идејата за трамвај во Скопје. Додека сите свет­ски метрополи размислуваат за супербрзи возови и за надземни железници на една шина, ние сонуваме за превозно средство од минатото. Со трамвај од 19 век, ќе се исклацкаме во 21 век.

4 ав­густ 2000
Ту­ку, се сеќава ли некој на Бранко Црвенковски? Го немаше во Пар­ла­мен­тот, ни збор не му слушнавме за новата влада, за Законот за високо об­ра­зо­ва­ние, за реформата на државната управа. Помина Галичката свадба, а Бран­ко не се качи на тапан. Помина и Илинден, а наместо Бранко, се по­ја­ви Шеќеринска.
Му станало жешко на Бранко, па си бара дебела ладовина. Сигурно тргнал по шумите да ги лови паравојските кои му ги јавуваат општинските ко­ми­те­ти. И така, ловејќи, легнал под некое дрво. Уште ја прави владата во сен­ка.

21 ју­ли 2001
Кој­знае колку Европа е збунета од нас. За Америка, пак, ич да не правиме му­а­бет. Во ниедна шема не им се вклопуваме. Луда држава.
Во Македонија воопшто не е лесно да си луд. Има преголема кон­ку­рен­ци­ја.

17 ав­густ 2002
Ма­ке­до­ни­ја не е само библиска земја. Македонија е и мистериозна земја. Се шетаат неидентификувани типови.
Се сеќавате дека пред четири години, кога на Бранко му пукна аферата со ок­то­по­дот, некој мистериозен министер во тренерки со вреќи ги изнел па­ри­те од ТАТ. Бранко уште ги бара тренерките.
Се­га и околу Љубчо има мистерии. Меѓународната кризна група вели дека до­го­во­рот за продажба на "Окта" мора да го склучил или идиот или ко­рум­пи­ран владин службеник.
Спо­ред романот на Артур Кларк, Кјубрик го сними филмот "Одисеја 2001". Се­га, според извештајот на Меѓународната кризна група, во Македонија ќе иг­ра филмот "Одисеја 2002".
Мис­те­ри­ја­та ќе биде разрешена ако се најде кој го потпишал договорот со "Окта". Ако бараат само корумпиран во Владата, тешко ќе го препознаат. За­тоа, нека го бараат идиотот меѓу корумпираните.











ВИЦ НА ДЕНОТ
Трпе купил ново радио за во кола, и целиот возбуден раскажува:
- А бе ти треба само да кажеш "џез" и радиото наоѓа џез станица, кога ќе кажеш "рок" одма свири рок, и замисли си возам ја така и одеднаш ми истрчуваат деца пред кола и ја "и да ти ибам тоа децата" и замисли на радиото почнува класична музика со еден руски диригент.
ФОТО НА НЕДЕЛАТА
ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ
ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ
Замислете да беше Груевски претседател на Америка, наместо Обама. Кисинџер ќе го стигнеше долгата рака на Американецот...Пишува Биљана Секуловска
книга на неделата
најчитани наслови
1. Ексклузивно - Вест во замокот на Снешка и Љубчо Георгиевски
2. Вест Ревија
3. ТОП 5 ПОДЗАБОРАВЕНИ СЕЛЕКТОРИ
4. Горда сум на оваа Влада
5. За инает на Груевски, не се предавам
6. Ев­роп­ско чергиче
7. Банане фризура за првата дама
8. Русите тагуваат, Американците депресивни
9. Груевски: Да не им плаќа СДСМ на градежниците?
10. Ливерпул во Скопје