четврток
29.07.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Македонија

НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД ЈУЖНИОТ СОСЕД

Грција бара да се повлече македонското вино во Германија

Вчера бил одржан состанок на кој присуствувале претставници од минстерставата за економија, за земјоделство и за надворешни работи, но било решено со официјален став за потегот на Грција кој го загрозува извозот на македонското вино, да се излезе дури в понеделник

Грција бара вината произведени од македонски винарии со ознака "Македонско вино" кои се пуштени во промет во Германија веднаш да се повлечат од рафтовите, бидејќи е спорна ознаката за географското потекло. Нашиот јужен сосед се повикува на официјалната банка на податоци на вино на ЕУ, според која вината од грчкиот регион Македонија се признати како вина со заштитени географски податоци.
Грчката амбасада дури пратила и допис до германскиот синџир супермаркети ЕДЕКА со кој ги предупредува дека ќе се соочат со судски постапки ако овој производ не го извадат од асортиманот.
"Вашата фирма веројатно без знаење на горенаведената наредба продава вино со име 'македонско вино'. Овој производ се произведува во Бившата Југословенка Република Македонија (ФИРОМ), а не во Грција и е со низок квалитет", стои во дописот од грчката амбасада.
Владата на Македонија по грчката офанзива за македонското вино, вчера не знаеше кои конкретни мерки ќе ги преземе за да го одбрани домашниот производ. Дознаваме дека вчера бил одржан состанок на кој присуствувале претставници од минстерставата за економија, за земјоделство и за надворешни работи, но било решено со официјален став да се излезе дури в понеделник. В понеделник ќе се произнесат и претставниците на винарските визби, кои вчера само кратко искоментираа дека проблемот е политички, а не во географските податоци.
"Деновиве ќе биде донесена мерка на кој начин ќе се реагира. Проблемот е економско-трговски, но и политички. До тогаш мора да се провери дали има основа за реагирање или нема", ни изјави вчера Петар Чулев, портпарол на МНР.
Од Министерството за земјоделство велат дека до германската компанија која го прави увозот на виното веќе се испратени извадоци од Законот со кои се регулирани точните ознаки на виното и сортите грозје. (И.С.)


Текстот е прочитан 7793 пати.
#
Останати наслови од Македонија

- Воспитувачките на штрајк
- Тетовската фирма "Еколог" доби судски процес во Германија
- Клуч за ризичните родилишта
- Белгија ќе ги враќа азилантите
- И Македонија има проблем со азиланти
- Груевски да нe обесштети од парите за субвенции
- Четири пати повисока партиципација за лековите за остеопороза












 
најчитани наслови
1. МОДНИ ГАФОВИ
2. Пусто турско
3. Како го победивме ракот - Решив да живеам за моите деца
4. Сопственик на стан фати крадец на дело
5. Грција бара да се повлече македонското вино во Германија
6. Го претераа
7. "Же­жок секс" од Треј­си Кокс
8. Тонат планините околу Охрид
9. 17 ма­ке­дон­ски пе­ја­чи во тр­ка за наг­ра­ди
10. Изглед за црвениот килим

ВИЦ НА ДЕНОТ

Поминуваат дедо и внук покрај трафика и внукот му вика не дедото:
- Дедо, дедо, ај бе да купиме од оние весниците без добивка!?

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ
ЕВ­ТИ­НИ ПРИ­КАЗ­НИ
Критикувајте, ништо не е свето. Зарем коњаничките нозе на Александар треба да ве здробат?...Пишува Биљана Секуловска
книга на неделата
КНИ­ГА НА НЕ­ДЕ­ЛА­ТА