СО ПРЕТСТАВАТА ОД ДРЖАВНИОТ БАЛЕТ ОД ИСТАНБУЛ
"Дамата со камелии" - совршен крај за "Танц фест"
Балетската претстава "Дамата со камелии" на Државниот балет од Истанбул прексиноќа го затвори 5. издание на "Танц фест". Публиката речиси два и пол часа уживаше во класичниот балет, адаптиран на новелата на Александар Дима, преку одличната кореографија на Мехмет Балкан, надополнета со прекрасните костими и впечатливата сценографија.
 Рисима Рисимкин, уметнички директор на "Танц фест", на Балкан му додели Специјална награда за долгогодишна поддршка на Фестивалот и графика од Сергеј Андреевски. Секоја сцена беше наградена со долг аплаузи и овации, а не изостана ни долгиот аплауз при поклонувањето на танчарите.
 Двете претстави од Истанбул (во вторникот се играше "Градина на розите") беа совршен крај за одличното издание на "Танц фест". (Б. Н.) фото: О.Теофиловски
|