четврток
29.07.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

СОВЕТОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА

Хрватската "Но­ва ТВ" ќе се исклучи

Штом ќе го добијат писменото известување од Советот за ра­ди­о­ди­фу­зи­ја, телевизиските оператори ќе ги исклучат ТВ Нова од Хрватска и ОБН од Босна и Херцеговина, зашто ги немаат обезбедено соодветните ав­тор­ски права за нивно реемитување во Македонија

Со­ве­тот за радиодифузија вчера побара од кабелските оператори од ИП те­ле­ви­зис­ки­те оператори да го прекинат реемитувањето на програмските сер­ви­си на ТВ Нова од Хрватска и ОБН од Босна и Херцеговина поради тоа што ги немаат обезбедено соодветните авторски права за нивно ре­е­ми­ту­ва­ње во Македонија.
Во Советот велат дека ова решение било донесено по обемните преговори со операторите на јавните комуникациски мрежи во Македонија и по кон­сул­та­ци­и­те со ТВ Нова и ОБН.
"И покрај изразената добра волја од Советот за радиодифузија, и по сите до­пол­ни­тел­ни рокови, операторите не доставија договори со уредени ав­тор­ски права за реемитување на овие програмски сервиси. Советот за ра­ди­о­ди­фу­зи­ја го спроведува Законот за радиодифузната дејност во делот за заштита на авторските и сродните права. Во моментот кога опе­ра­то­ри­те на јавните комуникациски мрежи до нас ќе достават документ за уре­де­ни авторски права, ние веднаш овие канали ќе ги регистрираме во нивниот па­кет", вели Зоран Стефановски, директор на Советот за радиодифузија.
Ка­бел­ски­те оператори и "Македонски телеком" вчера изјавија дека ќе ја по­чи­ту­ва­ат одлуката на Советот.
"Че­ка­ме официјално да добиеме известување и штом ќе го добиеме, вед­наш ќе постапиме по барањето на Советот", велат операторите.
До­кол­ку телевизиските канали не бидат исклучени, Пазаришната ин­спек­ци­ја може да поднесе прекршочна пријава. Во Советот за радиодифузија ве­лат дека постапка против операторите можат да поведат и тие.
Спо­ред Законот за радиодифузната дејност, член 109, операторите на јав­ни­те комуникациски мрежи се должни да ги уредат авторските права за ре­е­ми­ту­ва­ње на програмските сервиси, без разлика дали станува збор за ана­лог­но или за дигитално реемитување, за да ги регистрира Советот нив­ни­те програмски пакети, и тие легално да можат да бидат реемитувани на те­ри­то­ри­ја­та на Македонија. (Р.Ф.)


Текстот е прочитан 9086 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Малиот Трпе во школо учел за негативните броеви и ништо не му било јасно, па кога дошол дома го прашал татко му да му објасни.
- Види сине, замисли еден автобус и во него има четири патници. На првата станица од автобусот излегле седуммина. Е, види сега во автобусот мора да влезат уште тројца, за автобусот да биде празен.
најчитани наслови
1. Тони Зен со ќерката на Весна Змијанац на Филипините
2. Груевски, власта не Ви дава право на диктатура
3. Продукти што не смеат да недостасуваат на женското мени
4. Бла­ги­ца на че­ло на ма­ке­дон­ска­та фа­лан­га
5. Три приватни јахти за Бебек, Тифа и Ален
6. ДНЕВЕН ХОРОСКОП четврток 29.07.2010
7. Сашко Пандев во штипска Брегалница
8. Негувана коса в лето (2)
9. Ароматична диња
10. Работнички е подготвен за "црвениот" предизвик