петок
10.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

СРЕ­ЌА ВО НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ПРОБИШТИП - КРУПИШТЕ

Ис­пад­нал и се спасил од превртен автомобил кој експлодирал

Тешко повредениот Јосифов и самиот се чуди како останал жив од толку превртувања на возилото кое експлодирало и за неколку минути це­лос­но изгорело

Ван­чо Јосифов (32) од селото Подлог, Кочанско, со неговиот автомобил "рено 19", зав­че­ра, на патот Пробиштип - Крупиште,се превртел неколку пати, по што автомобилот експлодирал и се запалил, но тој при превртувањето, ус­пе­ал да излезе од колата и да се спаси. Ванчо бил сам во ав­то­мо­би­лот и се враќал дома кон селото Подлог. Десетина минути по нес­ре­ќа­та, на патот поминал автомобил "застава 101", па патниците кога ви­де­ле што се случило, му помогнале на повредениот кој бил онесвестен, и веднаш го однеле во Штипската болница. Лекарите утврдиле скршени 4 реб­ра и други помали повреди по рацете, нозете и по главата .
"Мис­лам дека се превртев 4 пати со автомобилот. Како дојде до тоа, и самиот не знам. Знам дека мојот автомобил наеднаш почна да се пре­вр­ту­ва Во еден момент испаднав од возилото. Сигурен сум дека тоа и ме спа­си да останам жив. Удрив на асфалтот, но видов како 'реното' уште ед­наш се преврте и наеднаш експлодира. Ако сум останел во автомобилот, ќе сум изгорел и јас", вели Јосифов, кој закрепнува во Штипска болница и е вон животна опасност.
Ј.Т.


Текстот е прочитан 5375 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Трпе се жалел на кумот Ставре.
- Слушај куме, не ми оди нешто сексов со Трпана.
- Па дај човече смени нешто!
- Е што да сменам?
- Па пробај како мачките.
Утре дента Трпе целиот натажен се среќава со Ставре.
- И кажувај сега Трпе, што си вака кисел, ми го послуша советот?
- Да те послушав, и Трпана сега во болница е, падна од керамиди!
најчитани наслови
1. Гоца доцни со венчаницата
2. Мо­бил­ки­те на осмоодделенките ги кријат клиентите за секс
3. Го спасил другарот и се удавил
4. Сузана и Елена контра Цеца и Сека
5. 460 илјада долари за голата и бремена Џери Хол
6. Кога му го бакнувате, не кријте се со косата
7. Ем повредени, ем депортирани во Македонија
8. ДНЕВЕН ХОРОСКОП петок 10.09 .2010
9. Пратеничката Иванова проба од баклавите
10. Ерменија ни покажа колку вредиме