четврток
29.07.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

ТАВ ЈА ИСПИТУВА ПОДЛОГАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

Тур­ци­те го премеруваат "Александар Велики"

Тур­ски­от концесионер на аеродромите ТАВ продолжува со мерењата и ис­пи­ту­ва­ња­та на подлогата на Скопскиот аеродром "Александар Велики". Подготвителните ра­бо­ти започнаа кон крајот на минатата година, а Турците и официјално треба да го пре­зе­мат работењето на двата македонски аеродрома на први март, со при­моп­ре­да­ва­ње меѓу Министерството за транспорт и врски и претседателот на Бордот на ТАВ Мустафа Сани Шенер.
"Кон­це­си­о­не­рот има неколку обврски пред да почне со градбата на новите објекти кои се предвидени со проектот за реконструкција на Скопскиот аеродром. Треба да се исели воениот дел, зашто токму каде што е сега лоциран, ќе биде новата тер­ми­нал­на зграда. Ќе се прават и нови паркинг-локации, а ќе има промени и во прис­та­пот кон Аеродромот, зашто ќе се гради нова клучка. Ќе се продолжува и пистата за 500 метри, на јужната страна", велат од менаџментот на АД "Аеродроми на Ма­ке­до­ни­ја".
ТАВ, според концесискиот договор, треба да ја дислоцира војската, така што ќе $ овоз­мо­жи соодветни услови за работа. Новата терминална зграда, според нај­а­ви­те, треба да има 40.000 квадратни метри. Колку за споредба, сегашниот терминал има 6.000 квадратни метри, а новиот Софиски аеродром има 25.000 квадратни мет­ри. Новиот аеродром е димензиониран да опслужи над 6 милиони патници годишно. Ла­ни Скопскиот аеродром имаше 600.000 патници. Неофицијално се зборува дека, се­пак, "Александар Велики" нема од старт да биде најголем во регионот туку дека ќе се овозможи со етапна градба, доколку има потреба, да се проширува. Додека се гради новата терминална зграда, ќе функционира постојната, за која сега се пра­ват планови каква пренамена ќе има потоа.
Два­та аеродрома сега имаат околу 800 вработени. Концесионерот презема обврска на­ред­ни­те 7 години да не ги отпушта. Уште две години се очекува да продолжи со ра­бо­та и Јавното аеродромско претпријатие, додека да завршат започнатите суд­ски постапки и да се ликвидираат долгувањата и побарувањата.
А.Салтировска


Текстот е прочитан 6074 пати.
#












 
најчитани наслови
1. Софија под ѕвездата на Гоце Делчев
2. Пејам колку да преживеам
3. Златно славејче
4. Ло­ве­цот ве сни­ма ко­га нај­мал­ку оче­ку­ва­те
5. ТОП 5 натурализирани промашувања
6. Ка­ри­ка­ту­ра од др­жа­ва
7. Тур­ци­те го премеруваат "Александар Велики"
8. Се дават во сопствениот измет
9. ДРЖАВНИ НЕПРИЈАТЕЛИ
10. Му го запалил "голфот" оти му должел пари

Ја прашала Трпана својата мајка:
- Мамо, може ли да одам со Трпе во кино?
- А кој филм ќе го гледате?
- Некој хорор.
- Е не може, да се уплашиш таму, па да му се доближиш и да се гушкате.
- Може ли тогаш да гледаме некој љубовен?
- Љубовен? Нема шанси, па после да се бацувате во сред кино.
- Добро мамо, а може ли барем да гледаме некој смешен?
- Е тоа може.
И кога се вратила Трпана од кино, мајка н ја прашала како си поминале:
- Па знаеш мамо, да не ме држеше Трпе цело време за дунда, ќе се измочав од смеење.
ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ
ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска
ДА ПРАВИМЕ РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ДРЖАВАТА И ВЛАСТА. ВО ИМЕ НА АРГУМЕНТИТЕ
книга на неделата
КНИ­ГА НА НЕ­ДЕ­ЛА­ТА