четврток
09.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

ЈУВЕНТУС ИЗГЛЕДА ЌЕ ИЗВИСИ

Пандев е најблиску до Лондон

Горан Пандев и Лацио се договорија околу евентуалниот трансфер, пишува "Кориере дело спорт". Според италијанскиот весник, македонскиот репрезентативец нема да го искористи членот 17 на ФИФА за да не го изневери Лацио, а претседателот Клаудио Лотито ќе ги разгледа сите понуди за играчот. Изгледа дека римскиот клуб конечно потклекна пред инсистирањето на Пандев да си замине, бидејќи ризикува да остане со празни раце по една година, кога му истекува договорот на струмичанецот.
Во последниве денови, најсериозен интерес покажува Арсенал. Според "Дејли Мејл", лондонскиот клуб има подготвено 17 милиони фунти (нешто под 20 милиони евра) за трансферот на Пандев. Ако тоа е вистина, трансферот би можел да се реализира во наредните неколку дена и Јувентус, кој претходно важеше за фаворит, нема шанси да се спротивстави. И, секако, таа понуда е повеќе од атрактивна за Лацио.
Што се однесува до другите клубови, Баерн Минхен повеќе не е во игра, иако го следеше Пандев уште од неговите настапи во Лигата на шампионите. Сега, од Бундеслигата, заинтересиран е шампионот Волфзбург, кој, најверојатно, ќе остане без Един Џеко. Од Шпанија, тоа е Атлетико Мадрид. Сепак, изгледа дека иднината на Пандев, ако Јувентус не реагира брзо, е во Лондон.


Текстот е прочитан 4291 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија:
- Како се случи тоа?
- Тајна...
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да снесам јајце тешко шест килограми.
...Потоа репортерот го прашува петелот:
- Како се случи тоа?
- Тајна.
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да му ја скршам главата на нојот!
најчитани наслови
1. Узбекистанците на Ристиќ му подарија БМВ од 150.000 долари
2. Неготинци се плашат од семафорите
3. Свадба со естрадни фаци
4. ПРАЗНИЧЕН ХОРОСКОП - 07-08-09.09 .2010
5. Држете се до основната понуда
6. Писменоста е женска сила
7. Двете кафулиња ни плаќаат за летните тераси
8. Груевски нема да сведочи против битолскиот фармер Душко
9. Осум килограми марихуана во гаража
10. Негувајте ја кожата со масни кремови