вторник
09.02.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

ТОНИ ЗЕН СЕ ОДМАРА ВО ОХРИД

Мочам во езерото

"Летово го поминувам во Охрид, малку работно, малку приватно и ќе останам до средина на август", ни рече Тони Зен кој викендов го сретнавме на плажата "Кадмо" во Охрид. Со совршено навежбано тело и црн исончан тен, Тони постојано е мета на погледите на девојките низ охридските плажи.

"Тони е најсекси тип на плажава", ни рече една девојка која воздивнуваше додека Зен минуваше покрај неа. Но, и покрај пофалбите тој ни рече:
- Не сум јас провокативен. Јас сум само обичен дечко. Мочам во Охридско езеро како и сите други туристи. Признај дека и ти го правиш тоа! Сите го прават, нели, вели тој.
Раперот, кој со контроверзните песни и видео спотови, се повеќе ја бранува македонската музичка сцена, ни откри дека го обожува летото, ужива да лежи на плажа и да фаќа сонце.
- Кога имав 19 години отидов на нудистичка плажа во Несебар, во Бугарија. Чисто од љубопитност, да видам како е. Но, сега не би го напаравил тоа повторно, откри Тони.
Покрај тоа што ужива во деновите на плажа, Тони навечер ги забавува своите фанови во кафе барот Кадмо, кој се наоѓа во центарот на Охрид. Но, призна дека уживањето низ охридската ривиера не го смета за одмор, бидејки вистинскиот одмор го очекува кон средината на месецов.
- По работното лето во Македонија, ќе се опуштам со еден интимен одмор во познатото бугарско летувалиште, Албена. Заминувам на 25 август, во хотел во кој се најавив како ВИП гостин. Сакам да уживам. Ќе одам на романтично патување сам со мојата долгогодишна љубов, девојката Ирина. Сакам да се одморам убаво, да ги наполнам батериите и кога ќе се вратам ќ е се посветам на снимање на мојот трет албум.
Б.Божиновска
ФОТО: Г. Чочков


Текстот е прочитан 10757 пати.
#



  
  
  
  
  


најчитани наслови
1. Двај­ца ку­пи­ја 15.000 кар­ти
2. И покрај дождот и поразот - добро расположени
3. Жер­нов­ски тре­ска глу­пос­ти
4. Мочам во езерото
5. Чекал да заспие жена му, па починал
6. Фани и Маја станаа куми
7. Урко ги сонча мускулите во Охрид
8. Хрватската "Но­ва ТВ" ќе се исклучи
9. Пипкал малолетна планинарка
10. Со кола преку плоштад, па на кафе

ВИЦ НА ДЕНОТ
Си шетало магарето по ливада и ја сретнало зебрата. Зебрата го прашала:
- Кој вид животно си ти?
- Ај соблечи ја пижамата па ќе видиш кој вид животно сум!