ВО ОКОЛИНАТА НА НЕГОТИНО
Исчезнатиот неготинец пронајден мртов
Во саботата попладне, во областа Куријски Пат, било пронајдено телото на седумдесетгодишниот Стојан Маркушев. По исчезнатиот човек се трагаше уште на почетокот на минатиот месец, кога тој излегол од дома да си ја подигне пензијата, и веќе не се вратил назад. Телото случајно го забележал овчар и веднаш ја известил полицијата. Од таму ни ја потврдија веста за пронаоѓањето на трупот кој е во распаѓање, а по увидот телото беше пратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје каде што ќе се утврдуваат причините за смртта на Маркушев. Според полицијата, смртта сигурно настапила пред околу еден месец бидејќи телото е во доста лоша состојба, односно поради долгиот период минат под отворено небо, останал само скелетот. Сепак, тие не можеа да ни дадат повеќе информации за тоа што точно се случило бидејќи се чекаат резултатите од обдукцијата. (В.К.) |