четврток
09.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Македонија

СО НОВИТЕ РЕФЕРЕНТНИ ЦЕНИ

Четири пати повисока партиципација за лековите за остеопороза

Здружението за остеопороза го повика Фондот за здравствено осигурување да ја преиспита листата на предлог-референтни цени за лековите за остеопороза, бидејќи, како што велат, со новите цени болните ќе треба да плаќаат три до четири пати повеќе за партиципација. Елена Стојковска, секретар на Здружението, вели дека со сегашните цени на лековите за потребната месечна терапија плаќаат 570 денари, додека со новите референтни цени партиципацијата ќе им се зголеми на 1.600 и 1.900 денари.
Членовите на ова здружение објаснуваат дека Фондот со новата предлог-листа ја изедначил референтната цена на сите лекови за остеопороза и ја зел онаа на најевтиниот лек, па поради тоа им пораснала доплатата на поскапите и поквалитетни лекови. Тие објаснуваат дека поевтините лекови, кои треба да ги примаат секој ден, им создаваат здравствени проблеми во дигестивниот тракт, често проследено со крвавења во дебелото црево, додека поновите и поскапи лекови кои се пијат на месечен или шестмесечен период им обезбедуваат нормален живот.
"Многу пациенти се откажуваат од терапијата за остеопороза токму поради проблемите што овие лекови им ги прават на дигестивните органи. Ако доплатата за поновите и поквалитетни лекови се покачи, ќе се зголеми бројот на болни што не се лекуваат, а тоа пак прави дополнителни проблеми, бидејќи остеопорозата е хронична болест, која прогресира и кај која се јавуваат скршеници на коските, за чиј третман потоа се трошат уште повеќе пари и се нанесува и трајна штета на пациентите", вели проф. Иванка Стефановска, член на Здружението.
Членовите на Здружението тврдат дека во најблиското опкружување највисоката партиципација за овие лекови е до 10 евра, додека со новата листа на цени кај нас таа ќе се движи од 25 до 30 евра. (Е.А.)


Текстот е прочитан 697 пати.
#
Останати наслови од Македонија

- Воспитувачките на штрајк
- Грција бара да се повлече македонското вино во Германија
- Тетовската фирма "Еколог" доби судски процес во Германија
- Клуч за ризичните родилишта
- Белгија ќе ги враќа азилантите
- И Македонија има проблем со азиланти
- Груевски да нe обесштети од парите за субвенции












 
најчитани наслови
1. МОДНИ ГАФОВИ
2. Пусто турско
3. Како го победивме ракот - Решив да живеам за моите деца
4. Сопственик на стан фати крадец на дело
5. Грција бара да се повлече македонското вино во Германија
6. Го претераа
7. "Же­жок секс" од Треј­си Кокс
8. Тонат планините околу Охрид
9. 17 ма­ке­дон­ски пе­ја­чи во тр­ка за наг­ра­ди
10. Изглед за црвениот килим

ВИЦ НА ДЕНОТ

Поминуваат дедо и внук покрај трафика и внукот му вика не дедото:
- Дедо, дедо, ај бе да купиме од оние весниците без добивка!?

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ
ЕВ­ТИ­НИ ПРИ­КАЗ­НИ
Критикувајте, ништо не е свето. Зарем коњаничките нозе на Александар треба да ве здробат?...Пишува Биљана Секуловска
книга на неделата
КНИ­ГА НА НЕ­ДЕ­ЛА­ТА