петок
10.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

АРГЕНТИНЦИТЕ РЕШИЈА ДА БИРААТ НОВ СЕЛЕКТОР

Марадона не доби нов договор

Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) со едногласна одлука се изјасни против обновувањето на договорот на селекторот Диего Армандо Марадона, кој со тоа го заврши својот 21-месечен мандат, во текот на кој испроба над сто играчи во репрезентацијата и војуваше со медиумите. Судбината на Марадона стана неизвесна по елиминацијата на Аргентина од Германија во четврт-финалето на Светското првенство во Јужна Африка и челниците на АФА го загубија трпението откако Марадона побара да не се прават измени во неговиот стручен штаб.
- Промени во стручниот штаб на Диего беа неопходни и затоа не можевме да се договориме. Никој не е исфрлен, едноставно, договорот не беше обновен, зашто немаше услови за тоа - изјави претседателот на АФА Хулио Грондона, кој претходно му даваше голема поддршка на Марадона, за потоа да се судрат околу неговиот помошник и голем пријател Алехандро Манкузо.
И покрај раната елиминација од СП, Марадона и националниот тим добија херојски пречек во татковината, а претседателката Кристина Фернандес побара тој да остане на својата функција. Марадона се изјасни дека би сакал да продолжи, но еден од условите беше да има целосна контрола врз изборот на своите помошници.
Марадона привремено ќе го замени селекторот на младинците Серхио Батиста, а како долгорочни решенија се споменуваат Карлос Бјанки, Алекс Сабелја, Марсело Бјелса...


Текстот е прочитан 234 пати.
#












Малиот Трпе во школо учел за негативните броеви и ништо не му било јасно, па кога дошол дома го прашал татко му да му објасни.
- Види сине, замисли еден автобус и во него има четири патници. На првата станица од автобусот излегле седуммина. Е, види сега во автобусот мора да влезат уште тројца, за автобусот да биде празен.
најчитани наслови
1. Тони Зен со ќерката на Весна Змијанац на Филипините
2. Груевски, власта не Ви дава право на диктатура
3. Продукти што не смеат да недостасуваат на женското мени
4. Бла­ги­ца на че­ло на ма­ке­дон­ска­та фа­лан­га
5. Три приватни јахти за Бебек, Тифа и Ален
6. ДНЕВЕН ХОРОСКОП четврток 29.07.2010
7. Сашко Пандев во штипска Брегалница
8. Негувана коса в лето (2)
9. Ароматична диња
10. Работнички е подготвен за "црвениот" предизвик