четврток
09.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

БРИСЕЛ МУ ПОСТАВИ НОВ УСЛОВ ЗА ГРУЕВСКИ

Тргни го Маневски!

Најголема реформа на судството ќе биде смената на министерот за правда Ми­хај­ло Маневски, го убедувале премиерот Груевски западни дипломати, опо­ме­ну­вај­ќи го дека најкатастрофален ќе биде извештајот на Европската комисија токму за состојбите во судството.

За­пад­ни дипломати во Скопје му испратиле порака на премиерот Никола Груевски што поскоро да го смени министерот за правда Михајло Маневски поради не­ус­пеш­ни судски реформи. Извесно било дека Македонија најострите критики во го­диш­ни­от извештај од ЕУ наесен ќе ги заработи поради партизацијата на судската власт, ве­лат дипломатски извори. Дипломатите сметале дека Маневски три години прави са­мо козметички, а не суштински реформи во судството, и поради тоа треба да се вне­се свежа крв во тој ресор.
"Нај­го­ле­ма реформа во судството е да го смените министерот Маневски", го убе­ду­ва­ле европските дипломати премиерот Никола Груевски.
Ис­ти­те извори откриваат дека веќе се разработувале начините за достоинствено ис­пра­ќа­ње на Маневски во пензија. Во опција се повеќе решенија, но засега нај­без­бол­ното би било ресорот Правда да му се даде на коалицискиот партнер ДУИ. Со тоа ќе се спаси образот на Маневски, а на негово место ДУИ мести угледен уни­вер­зи­тет­ски професор по право.
Про­цен­а­та на дипломатите била дека по аферата со задоцнетото пензионирање на соп­ру­га­та Филимена Маневска и аферата со пензијата, министерот Маневски повеќе не­ма кредибилитет да ги води судските реформи. Во секоја европска земја ми­нис­те­рот за правда треба да биде синоним за правда, а Маневски со вакви афери не го ужи­ва тој рејтинг. Како потврда за тоа били анкетата на ИРИ каде што Маневски ужива нај­мал рејтинг кај граѓаните во однос на другите министри.
Гру­ев­ски не сакал да го смени Маневски во минатата реконструкција за да го заш­ти­ти неговото достоинство. Наводно, сметал дека ако тој си замине со дамката од пос­лед­ни­те афери со жена му и со пензијата, тоа нема да биде соодветно на неговиот до­се­га­шен придонес и кариера. Затоа во Владата барале начин на кој елегантно Ма­нев­ски би си заминал во пензија, и најбезболен изговор за тоа е трампата на ре­со­ри­те со ДУИ. Значи, нема да го сменат туку ДУИ ќе го земе неговото место.
Ос­вен тоа, негативно ја оценувале неговата досегашна работа. Сите крупни проекти кои ги започнал, не ги довршил. Извршувањето постојано се одлага, медијацијата уш­те не ни почната, а затворот "Идризово", поради кој Македонија беше жестоко кри­ти­ку­ва­на за лошите услови за затворениците, и покрај тоа што има пари, многу бав­но се гради.
Со името на Маневски странците ја врзуваат и партизацијата на судството, но дека ис­та­та шема сакал да ја наметне и во Обвинителството. Сериозни забелешки има и за измените на Законот за кривичната постапка, кои не се прават паралелно со из­ме­ни­те на Кривичниот законик.
ЕУ има забелешки и на заострување на казнената политика, која предвидува дра­кон­ски казни, место да се работи на превенција на криминалот. Во една пригода, поради вак­ва­та политика Македонија била споредена со Северна Кореја. Н.С.


Текстот е прочитан 5990 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија:
- Како се случи тоа?
- Тајна...
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да снесам јајце тешко шест килограми.
...Потоа репортерот го прашува петелот:
- Како се случи тоа?
- Тајна.
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да му ја скршам главата на нојот!
најчитани наслови
1. Узбекистанците на Ристиќ му подарија БМВ од 150.000 долари
2. Неготинци се плашат од семафорите
3. Свадба со естрадни фаци
4. ПРАЗНИЧЕН ХОРОСКОП - 07-08-09.09 .2010
5. Држете се до основната понуда
6. Писменоста е женска сила
7. Двете кафулиња ни плаќаат за летните тераси
8. Груевски нема да сведочи против битолскиот фармер Душко
9. Осум килограми марихуана во гаража
10. Негувајте ја кожата со масни кремови