четврток
09.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

ТАВ ЈА ИСПИТУВА ПОДЛОГАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

Тур­ци­те го премеруваат "Александар Велики"

Тур­ски­от концесионер на аеродромите ТАВ продолжува со мерењата и ис­пи­ту­ва­ња­та на подлогата на Скопскиот аеродром "Александар Велики". Подготвителните ра­бо­ти започнаа кон крајот на минатата година, а Турците и официјално треба да го пре­зе­мат работењето на двата македонски аеродрома на први март, со при­моп­ре­да­ва­ње меѓу Министерството за транспорт и врски и претседателот на Бордот на ТАВ Мустафа Сани Шенер.
"Кон­це­си­о­не­рот има неколку обврски пред да почне со градбата на новите објекти кои се предвидени со проектот за реконструкција на Скопскиот аеродром. Треба да се исели воениот дел, зашто токму каде што е сега лоциран, ќе биде новата тер­ми­нал­на зграда. Ќе се прават и нови паркинг-локации, а ќе има промени и во прис­та­пот кон Аеродромот, зашто ќе се гради нова клучка. Ќе се продолжува и пистата за 500 метри, на јужната страна", велат од менаџментот на АД "Аеродроми на Ма­ке­до­ни­ја".
ТАВ, според концесискиот договор, треба да ја дислоцира војската, така што ќе $ овоз­мо­жи соодветни услови за работа. Новата терминална зграда, според нај­а­ви­те, треба да има 40.000 квадратни метри. Колку за споредба, сегашниот терминал има 6.000 квадратни метри, а новиот Софиски аеродром има 25.000 квадратни мет­ри. Новиот аеродром е димензиониран да опслужи над 6 милиони патници годишно. Ла­ни Скопскиот аеродром имаше 600.000 патници. Неофицијално се зборува дека, се­пак, "Александар Велики" нема од старт да биде најголем во регионот туку дека ќе се овозможи со етапна градба, доколку има потреба, да се проширува. Додека се гради новата терминална зграда, ќе функционира постојната, за која сега се пра­ват планови каква пренамена ќе има потоа.
Два­та аеродрома сега имаат околу 800 вработени. Концесионерот презема обврска на­ред­ни­те 7 години да не ги отпушта. Уште две години се очекува да продолжи со ра­бо­та и Јавното аеродромско претпријатие, додека да завршат започнатите суд­ски постапки и да се ликвидираат долгувањата и побарувањата.
А.Салтировска


Текстот е прочитан 6222 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија:
- Како се случи тоа?
- Тајна...
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да снесам јајце тешко шест килограми.
...Потоа репортерот го прашува петелот:
- Како се случи тоа?
- Тајна.
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да му ја скршам главата на нојот!
најчитани наслови
1. Узбекистанците на Ристиќ му подарија БМВ од 150.000 долари
2. Неготинци се плашат од семафорите
3. Свадба со естрадни фаци
4. ПРАЗНИЧЕН ХОРОСКОП - 07-08-09.09 .2010
5. Држете се до основната понуда
6. Писменоста е женска сила
7. Двете кафулиња ни плаќаат за летните тераси
8. Груевски нема да сведочи против битолскиот фармер Душко
9. Осум килограми марихуана во гаража
10. Негувајте ја кожата со масни кремови