четврток
29.07.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

КА­КО АНГЛИЧАНИТЕ ГИ ВИДОА НЕСКТ ТАЈМ НА "ЕВ­РО­СОНГ"

Македонски рок-пет­ли­ња

Од чешкиот Супермен преку руското завивање како да си го закопала песот, до македонските рок- петлиња, угледниот британски дневник "Гардијан", направи анализа на најсмеќните настапи на "Евросонг"

Му­зич­ки­от но­ви­нар Пол Ме­кинс од поз­на­ти­от ан­гли­ски вес­ник "Гар­ди­јан" нап­ра­вил ана­ли­за за тоа кои се нај­смеш­ни­те пес­ни и из­ве­ду­ва­чи на "Ев­ро­сонг 2009". Ме­ѓу 14-те из­бра­ни, тој се ше­гу­ва и со Ма­ке­до­ни­ја, на­ре­ку­вај­ќи ги "Некст тајм" ма­ке­дон­ски­те "рок-пет­ли­ња".
"Со ко­си­те по­го­ле­ми и пан­та­ло­ни­те по­тес­ни от­кол­ку на чу­до­виш­на пуд­ли­ца ко­ја обо­жа­ва ви­со­ка мо­да, 'Некст тајм' го вра­ти­ја ли­га­ви­от глам-рок и пет па­ри не да­ва­ат кој ги гле­да. Во обид да ги из­ве­дат ра­бо­ти­те во Џон Бон Џо­ви стил, близ­на­ци­те Мар­тин и Сте­фан на­вис­ти­на на­и­доа на неш­то: из­глед и звук под­гот­ве­ни за ре­ха­би­ли­та­ци­ја. Ви­де­ос­по­тот во сти­лот на 80-ти­те, нап­ра­вен од не­кој опа­сен ре­жи­сер, ја но­си пи-ар по­ра­ка­та: 'Некст тајм пос­то­ја­но нас­та­пу­ва­ат на кон­цер­ти низ Ма­ке­до­ни­ја и учес­тву­ва­ат во ху­ма­ни­тар­ни про­ек­ти'", на­пи­шал Пол Ме­кинс за на­ши­те ев­ро­ви­зи­ски прет­став­ни­ци.
Ан­глис­ки­от но­ви­нар ја кри­ти­ку­ва и Ру­си­ја и ве­ли де­ка неј­зи­на­та прет­став­нич­ка Анас­та­си­ја При­код­ко при кра­јот на пес­на­та лае ка­ко пес.
"Ру­си­ја ја бра­не­ше ти­ту­ла­та на шам­пи­о­ни­те. До­ма­ќи­ни­те тол­ку мно­гу се ис­пла­ши­ле да не по­бе­дат пак, па ре­ши­ле да ја фр­лат це­ла­та ра­бо­та во во­да. Оваа та­жал­ка ја ис­пеа же­на чи­ја екс­пре­си­ја на ли­це­то ве­ли де­ка са­мо што го за­ко­па­ла ку­че­то. Ка­ко тоа да $ бе­ше мал­ку, па ја из­ве­де пес­на­та со тол­ку ни­зок и те­жок тон што се чи­не­ше де­ка се оби­ду­ва да ги кре­не мрт­ви­те. При кра­јот на пес­на­та бук­вал­но поч­ну­ва да лае ка­ко пес", пи­шу­ва Ме­кинс.
Но­ви­на­рот се ше­гу­ва и на смет­ка на сво­ја­та Бри­та­ни­ја.
"По­ве­ќе­то зем­ји ги пра­ќа­ат на Ев­ро­ви­зи­ја сво­и­те нај­доб­ро про­да­ва­ни му­зи­ча­ри или му­зич­ки­ ико­ни. Во Бри­та­ни­ја, го пра­ќа­ат по­бед­ни­кот од те­ле­ви­зи­ско шоу за та­лен­ти кое не е по­пу­лар­но ни во зем­ја­та. Пес­на­та ка­ко да из­лег­ла од вто­ри­от чин од не­кој мју­зикл и по­ве­ќе ќе ве за­мис­ли на­мес­то да ве кре­не. Тоа што Жа­де зву­чи ка­ко Ма­ра­ја Ке­ри во­оп­што не нe из­ва­ди", ве­ли но­ви­на­рот на "Гар­ди­јан".
Сти­лот на ук­ра­ин­ска­та прет­став­нич­ка Свет­ла­на Ло­бо­да тој го на­ре­ку­ва "оп­ште­ствен про­тест про­тив трен­дот на ла­жен гла­мур и леп­ли­ви сте­ре­о­ти­пи". За бе­ло­рус­ки­от прет­став­ник Петр Ел­фи­мов, Ме­кинс ве­ли де­ка ли­чи на де­вет­го­диш­но мом­чен­це об­ле­че­но за на мас­кен­бал. За Че­хот "Џис­пи", кој спо­ред не­го е об­ле­чен ка­ко Су­пер­мен, ве­ли: "Са­мо на Ев­ро­ви­зи­ја мо­же да се слу­чи вак­ва пес­на ко­ја се бо­ри за ет­нич­ка то­ле­ран­ци­ја".


Текстот е прочитан 8537 пати.
#


  
  
  
  
  

 
најчитани наслови
1. Влат­ко Ѓор­чев се оже­ни за Аме­ри­кан­ка
2. И Лав­че по­рас­на
3. Македонски рок-пет­ли­ња
4. Љубе Бошковски: Моето вино се испи додека бев во Хаг
5. Враќање на атмосферата ќе биде приоритет
6. Со сатар сакал да си го заколе бебето
7. Бре­ме­на на 66 го­ди­ни
8. Со пиш­тол из­ну­ду­вал љу­бов од де­вој­ка
9. Згра­да­та на ита­ли­јан­ска­та ам­ба­са­да би­ла дом на фа­ми­ли­ја­та Шка­пер­да
10. Подобро на Вале да и палиме свеќи во Македонија
Го прашува учителката малиот Трпе:
- Трпе, кој е најголемиот борец за кој си слушнал?
- Гоце Делчев учителке.
- Браво. Седи, петка.
Седнува Трпе, вади од под клупа слика и шепнува:
- Извини Чак Норис, ама кариера си е кариера.