ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ГО ОБНОВУВА ВОЗНИОТ ПАРК
Градоначалникот не е Боки 13-ка, па да се вози во зелена светкава кола
Советникот Ранко Петровиќ ја поддржа идејата за набавка на нови возила, оти сегашното зелено "пежо", во кое се вози градоначалникот, не му прилегало бидејќи било дречливо и светкаво
Општина Карпош ќе го обновува возниот парк. Општинарите ќе ги продаваат двете стари возила и ќе набавуваат четири автомобили, од кои три за службите во Општината, едно за градоначалникот Стевче Јакимовски и едно товарно возила за транспорт на машините за чистење и уредување на зеленилото. Градоначалникот Стевче Јакимовски објасни дека сегашниот возен парк на Општината е во катастрофална состојба. Службите имаат само две возила, од кои едно "југо", старо 20 години, и еден "голф", стар 15 години, кои постојано се расипуваат и секој месец се трошат пари за поправки. Градоначалникот, пак, се вози во "пежо 307" кое веќе имало изминато 130.000 километри и кое, според дел од советниците и општинарите, не му прилега на еден градоначалник. "Градоначалникот е висок и сегашното возило не е баш удобно за него. Градоначалникот не е Боки 13-ка, па да се вози во зелено металик возило, кое свети и блеска. Не му личи на прв човек на Општината, кој нe претставува и надвор од земјава, ваква кола", рече независниот советникот Ранко Петровиќ, и го посоветува градоначалникот да не претерува при купувањето нова кола за него и да не одбере нешто скапо туку да биде поскромен. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Борис Аговски, пак, смета дека Општината не треба да купува возила во време на економска криза, и овие пари да ги потроши за други, покорисни цели. Градоначалникот Јакимовски одговори дека овие возила се неопходни оти службите немаат со што да одат на терен. "Јас овие возила не ги купувам за мене туку за Општината. Па не личи кога ќе дојде некоја странка и треба да отидеме заедно на терен, на 40 степени да се поти во колите или тие среде пат да се расипуваат. Секоја година даваме 350.000 денари за поправки. Со овие пари, за четири години се купуваат нови автомобили", рече Јакимовски. И покрај забелешките на советникот Аговски, Советот на Карпош во понеделникот му дозволи на градоначалникот да набави нови возила. (А.А.)
|
Текстот е прочитан 7389 пати. #
|
|
|
|
|
Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија: - Како се случи тоа? - Тајна... - Какви се вашите планови за во иднина? - Да снесам јајце тешко шест килограми. ...Потоа репортерот го прашува петелот: - Како се случи тоа? - Тајна. - Какви се вашите планови за во иднина? - Да му ја скршам главата на нојот! |
|
|
|
|