Срамотилак
Мермерната скулптура "Жена со гитара" на кеј 13 Ноември веќе неколку дена е срамно нагрдена. Скопјани минувајќи покрај неа коментираат дека вандалите $ додале женски полов орган на жената со гитара. Муабетот се пренесува од едни на други, па вчера само во рок од половина час дојдоа еден куп луѓе да видат како е нагрдена скулптурата. Од Општина Центар на чија територија се скулптурите, велат дека за нивното одржување, исто како и за нивното поставување е надлежно Министерството за култура. Од таму велат оти досега не забележале дека скулптурата е нагрдена и најавија дека ќе дојдат да ја исчистат. Скулптурата е на авторот Синиша Новески. Министерството за култура ја постави во април годинава. (С.Т.) Фото: Г.Чочков
|
Текстот е прочитан 8293 пати. #
|
|
|
|
|
Малиот Трпе во школо учел за негативните броеви и ништо не му било јасно, па кога дошол дома го прашал татко му да му објасни. - Види сине, замисли еден автобус и во него има четири патници. На првата станица од автобусот излегле седуммина. Е, види сега во автобусот мора да влезат уште тројца, за автобусот да биде празен. |
|
|
|
|