четврток
09.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
КОШАРКА - СЕЛЕКТОРОТ ЈОВИЦА АРСИЌ ГО СООПШТИ СПИСОКОТ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЕП

Сите тројца браќа Стојановски во составот

За последен пат лидер. - Врбица Стефанов

Врбица Стефанов го предводи списокот на кошаркари за претстојните подготовки за Евробаскетот во Полска. Вчера селекторот Јовица Арсиќ, поради неможноста да дојде во Скопје, го испрати списокот од 24 играчи до канцеларијата на Кошаркарската федерација на Македонија, на кој речиси и да нема изненадувања во однос на кандидатите кои конкурираа за ланските квалификации.
Капитенот Стефанов ќе биде за последен пат лидер на А-селекцијата на Македонија, зашто по овој европски собир ќе стави крај на играчката кариера. Тука се и останатите носители на играта, како Гечевски, Антиќ, Илиевски и Ристе Стефанов, а од натурализираните Македонци, Арсиќ реши да ги користи услугите на Џеремаја Мејси, кој лани имаше добри настапи во квалификациите за ЕП.
Покана за прозивката на 15 јули во Скопје добија и досегашните младински репрезентативци Владимир Брчков, Кирил Николовски и Александар Костоски, како и братот близнак на Војдан Стојановски, Дамјан. На нив ќе им се придружи и третиот член на семејството Огнен, па за првпат три брата ќе се најдат во поширокиот репрезентативен список.
На списокот се најдоа: Врбица Стефанов (капитен, без клуб), Владо Илиевски (Тау Керамика), Џеремаја Мејси (Реал Мадрид), Тодор Гечевски (Задар), Ристе Стефанов (Лукоил), Перо Антиќ (Локомотив Ростов), Предраг Самарџиски (ФМП Железник), Перо Блажевски, Синиша Аврамовски, Дарко Соколов (МЗТ), Војдан Стојановски, Ефтим Богоев, Дамјан Стојановски (Амак), Димче Тасовски, Александар Димитровски, Огнен Стојановски, Бојан Трајковски (Фершпед Работнички), Златко Гоцевски, Марјан Ѓуров, Димитар Мираковски (Фени), Јане Петровски (Грифони), Ѓорѓи Чековски (Феро ЗНТУ), Владимир Брчков (Торус), Александар Костоски (Брашов) и Кирил Николовски (Вардар).
Подготовките ќе започнат на 15 јули во Скопје и тука ќе се тренира десетина дена, а од 25 до 31 јули ќе се подготвуваат во Златибор, па од 31 јули до 6 август во Крањска Гора, Словенија, каде што ќе се одиграат две пријателски средби со Словенија и една со европскиот првак Русија.
Следуваат двете контроли со Словачка на 8 и 9 во Охрид и, најверојатно, со Бугарија на 13 и 14 август. Македонија потоа ќе учествува на турнир во Германија заедно со домаќинот, Полска и со Хрватска, а една недела подоцна на "Ефес Пилсен" купот во Анкара, каде што ќе настапат уште Хрватска, Турција, Германија, Летонија и Велика Британија.
Европското првенство почнува на 7 септември, а Македонија се наоѓа во групата "А" заедно со Грција, Хрватска и Израел. Натпреварите ќе се играат во Познањ.
(О.К.)

ВИЦЕПРВАКОТ ГО РЕШИ ТРЕНЕРСКОТО ПРАШАЊЕ

Рајковиќ и следната година во Фени

Тренерот на актуелниот вицепрвак Фени индустри Емил Рајковиќ ќе седи на клупата на кавадарчани и во следната сезона, соопшти клубот. Во текот на преодниот рок Рајковиќ треба да се изјасни кои играчи од стариот ростер ќе му бидат потребни за идната сезона во БИБЛ и домашното првенство, по што ќе се премине кон освежување на тимот со помлади и помотивирани играчи.
Актуелни договори со Фени имаат Самарџиев, Ѓуров, Михајловски и Манев, а останатите се слободни играчи.



Текстот е прочитан 4163 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија:
- Како се случи тоа?
- Тајна...
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да снесам јајце тешко шест килограми.
...Потоа репортерот го прашува петелот:
- Како се случи тоа?
- Тајна.
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да му ја скршам главата на нојот!
најчитани наслови
1. Узбекистанците на Ристиќ му подарија БМВ од 150.000 долари
2. Неготинци се плашат од семафорите
3. Свадба со естрадни фаци
4. ПРАЗНИЧЕН ХОРОСКОП - 07-08-09.09 .2010
5. Држете се до основната понуда
6. Писменоста е женска сила
7. Двете кафулиња ни плаќаат за летните тераси
8. Груевски нема да сведочи против битолскиот фармер Душко
9. Осум килограми марихуана во гаража
10. Негувајте ја кожата со масни кремови