Дневен хороскоп 02 11понеделник
Фанатичната природа на Скорпијата особено се искажува во љубовта. Како партнер се обожавани или омразени, најчесто едното па другото. Нивната љубомора и посесивност постојано ги следи и не им дозволува на вистински начин да ги согледаат емоциите на својот партнер.
Бидејќи се страсни и сензибилни, голема важност за Скорпиите има сексуалниот живот, кој всушност им претставува главна основа во секоја врска. Но, треба да знаат дека само со покажување на толеранција и поголемо разбирање на чувствата на сопствениот партнер ќе можат да го почувствуваат вистинскиот мирис на љубовта. Затоа им се препорачува да го елиминираат песимистичкиот поглед на свет, да не се оптоваруваат со нешта кои не можат да си ги објаснат и да ги откријат и да бидат добронамерни во контактите.
ОВЕН Конечно ќе успеете да се ослободите од обврските што ги имавте на професионален, односно интелектуален план, така што ќе можете слободно да се чувствувате и да се насочите кон другите области на животот. Всушност, поставеноста не ѕвездите укажува оти ништо нема да ве спречи во напредувањето, бидејќи со својот решителен и оригинален пристап ќе ги елиминирате и најкомплицираните искушенија. Добро е успехот да го прославите со најблиските.
БИК Не треба да бегате од потребите на сопствената личност, бидејќи со постојано потиснување на желбите, тешко дека ќе успеете да внесете новитети и возбудувања во животот. Затоа, бидете отворени во настапот и подготвени за прифаќање на авантурата, зашто му припаѓате на зодијачкиот знак кој умее да ги препознае приоритетите и да излезе на крај и со најкомплицираните искушенија. При крајот на денот очекувајте пријатно изненадување.
БЛИЗНАЦИ Ангажманите што ве следеа во претходниот период, ќе успеете полека, но сигурно да ги реализирате, така што активирајте се и во другите сфери на животот. Затоа, ориентирајте ја енергијата кон љубовта и покажете оти умеете на вистински начин да ги прифатите искушенијата, бидејќи со својот шармантен и авторитетен пристап, неминовно ќе го остварите тоа што сте го наумиле. Здравствената состојба постепено ќе ви се стабилизира.
РАК Постојат нешта во вашиот живот што бараат целосна трансформација, така што ќе мора конкретно и енергично да се зафатите со чистењето на сето она што се покажа контрапродуктивно. Досегашниот начин на размислување не ви донесе позитивни резултати, бидејќи премногу верувавте и се потпиравте на туѓите вредности. Ако сакате на вистински начин да ги почувствувате промените, ќе мора да го слушате гласот на сопствената личност.
ЛАВ Не треба премногу да фантазирате и да гледате непријателства, таму каде што нема асоцијација за такво нешто. Затоа, ви се препорачува да верувате во сопствените вредности и да ги елиминирате непродуктивните размислувања, дека некој ви работи зад грб и се обидува да ја потисне вашата личност. Иако не треба безглаво да влегувате во ризични активности и да верувате во со што ви се прикажува, сепак ќе мора да бидете стабилни и конкретни во дејствувањето.
ДЕВИЦА Не очајувате за пропуштеното, туку верувајте во позитивното, зашто ве очекуваат идеални предуслови за ставање крај на сето она што ја стопираше вашата личност и ви предизвикуваше нервоза. Впрочем, многу добро знаете дека е неопходно да тргнете кон новите искушенија и да покажете оти умеете да се изборите за сопствените права, бидејќи илузорно е и понатаму да се трошите за лицата и ситуациите кои не ветуваат развој и хармонија.
ВАГА Не треба да му потпаѓате на меланхоличното расположение и да сметате оти повеќе не постои објективна смисла за воспоставување на активностите кон тоа што ве привлекува, зашто со таквиот пристап нужно си ја потпишувате пресудата и ги губите можностите за трансформација. Ѕвездите ве советуваат добро да се организирате и да ја пронајдете најсоодветната варијанта која треба да ви го покаже патот кон излезот од наметнатите ограничувања.
СКОРПИЈА Размислувајте за воспоставување интересни контакти во љубовта, односно работата, бидејќи ќе се карактеризирате со голема привлечност, оригиналност и енергичност. Новите идеи ќе бидат постојано присутни, како и подготвеноста за реализирање на желбите што подолго време тлеат во длабочината на вашата личност. Единствено треба да внимавате на потешкотиите во врска со финансиските трансакции и шпекулации.
СТРЕЛЕЦ Не бегајте од јавноста, туку надминете ги проблемите со одговорно и храбро дејствување, зашто без оглед што во претходниот период се наоѓавте во мошне комплицирани околности, сепак со позитивното влијание на ѕвездите се очекува полека, но сигурно да го подобрите впечатокот. Ѕвездите ве советуваат да ги елиминирате суетата и тврдоглавиот пристап, односно да бидете толерантни и флексибилни во миговите кога ќе се соочите со туѓото незнаење.
ЈАРЕЦ Без оглед што состојбата на финансиски план не ви е најсовршена, сепак не треба да очајувате, туку очекувајте можност за успех, бидејќи влијанието на ѕвездите ќе ви овозможат напредок и подобрување на психофизички план. Во секој случај, за да стигнете до целта, ќе мора да реагирате решително и наместо да се окупирате со туѓите проблеми, односно со работите што не можете да ги промените, подобро е да направите напор за реализирање на сопствените потенцијали.
ВОДОЛИЈА Постојаното оптоварување на емотивен план нема да ви донесе позитивни резултати во односот со партнерот, бидејќи желбата за доживување на совршенството и посесивното однесување, единствено ќе ви предизвикаат нервоза и љубовна криза. Затоа, време е да сфатите дека нема да успеете да го промените карактерот на другите, така што ќе мора карактерно да се промените самите себеси, односно да престанете да се окупирате со туѓите ставови и да почнете да си го живеете својот живот.
РИБИ Доволно ја пасивизиравте енергијата и чекавте трансформацијата да си дојде самата по себе. Затоа, искористете го хармоничното влијание на планетите кон вашиот знак и ставате им крај на ограничувањата, односно иницирајте ја новата визија во животот. Ако покажете мотивираност кон прогресивноста, тогаш романтичните мигови ќе доминираат во љубовната сфера, поради што е неопходно храбро да дејствувате и темпераментно да им се спротивставите на ограничувањата. |