ДЕВОЈКИТЕ ОД ПОЗНАЊ СОНУВААТ ЗА СЕКС СО балканци
Полјаците свршуваат за две минути
Ана и нејзините другарки сакаат да се запознаваат со мажи од Медитеранот или од Балканот, кои за нив се олицетворение за сила, страст, жар и шарм, а беа пријатно изненадени од изгледот и шармот на нашите фанови, кои во Познањ ги имаше околу 400
Ако влезете во ноќен клуб во кој било град во Полска, немојте да се зачудите ако ви пристапат згодни Полјачки, веднаш штом разберат дека сте странец. Причината е едноставна - не се задоволни од она што го имаат дома. Иако за нив велат дека се емотивно студени девојки од Северна Европа кои прават сe без страст, Полјачките се целосна спротивност. Барем оние кои "Вест" ги запозна за време на Европското првенство во кошарка. Понежниот пол е принуден така да се однесува со странците, зашто не доживува сексуално задоволство со домашните мажи. Речиси секоја девојка во Познањ, градот кој беше под опсада од македонските фанови за време на ЕП, ќе ви каже дека не ужива во сексот со своите сонародници зашто, замислете, свршувале за две минути! А потоа не биле способни ниту гаќите да си ги облечат, а камоли да бидат подготвени за уште една партија. "Прво, не сакаат ниту да чујат за предигра, си мислат дека се најголеми љубовџии во светот. А кога ќе се случи сексот, тие, бидејќи во најголем дел од случаите се пијани, свршуваат за две минути, иако треба да биде обратно. По сексот, или заспиваат или не се подготвени за уште една тура", вели Магдалена Омнижовска, студентка од околината на Познањ. Ова не наиде на одобрување кај момците од градот. Келнерите во еден мексикански ресторан кои, освен да ги служат гостите, имаат задача и да ги забавуваат, го тврдат спротивното - нивните жени се обични девојки што само сакаат да флертуваат и да ги вртат мажите околу малиот прст. Девојките во Познањ тврдат за себе дека не се бесчувствителни блондинки туку оти се страсни и жешки во кревет и добри домаќинки.
"Сакаме да пробаме сe, знаеме и долго да водиме љубов, но немаме партнери. Малкумина кај нас и во Европа знаат дека полската жена во еден момент може да биде цврста како маж додека ги извршува обврските дома и на работа, но и да биде нежна, романтична и полна со страст", додава Ана Лезинска, 30-годишна професорка, која обожава да игра латино-танци. Затоа таа и нејзините другарки велат дека сакаат да запознаваат мажи од Медитеранот или од Балканот, кои за нив се олицетворение за сила, страст, жар и шарм, па често патуваат на одмор во Грција или во Италија. Девојките беа пријатно изненадени и од изгледот и шармот на нашите фанови, кои во Познањ ги имаше околу 400.
Полските девојки не сакаат честење
Речиси и нема т.н. спонзоруши во Полска. За разлика од Македонија каде што врие од згодни девојки што уживаат кога мажот ќе ги почести во кафе-бар или во ресторан, а за машкиот пол тоа претставува кавалерство, во Полска девојките воопшто не сакаат да им биде платена пијачка. "Тоа е еден вид навреда. Ние мислиме дека можеме сe сами, па и да заработуваме. Оттука, не ни причинува задоволство да седиме во ресторан и да чекаме мажот да ја плати сметката. Нашите сонародници имаат погрешно мислење во моментот кога ќе ја платат сметката, и најчесто не дозволуваме да нe почестат", велат девојките од Познањ.
Незадоволство од стандардот
Во Полска на младите не им цутат рози, како во западните развиени економии, иако и тие ги почувствуваа благодатите од членството во Европската унија. Познањ е универзитетски центар, и цела западна Полска студира таму. Студентите мораат да работат за да ги покријат трошоците, но ангажманот по предавањата им е само губење време, зашто не се исплаќа. "Работам од 17 до 21 часот во телефонска компанија и им ги нудам новите услуги на нејзините корисници. Платена сум малку и не стигнува до крајот на месецот", вели студентката Магдалена која, за споредба, рече дека професор по англиски јазик за приватни вечерни часови зема месечно 300 евра, колку што е една просечна македонска плата.
Текст и фото: Орданче Костов
|
Текстот е прочитан 13588 пати. #
|
|
|
|
|
Се пијанчат Трпе со жена му. И Трпе: - Хик, ... ај уште по една чашка, па одиме по жени!
***
Отишол Трпе на изложба на фотографии. На едно место имало три фотографии заедно: давеник, прегорен леб и жена со дете. Гледал Трпе и не му било јасно, па го прашал уметникот што ги поврзува трите фотографии: - Видете, ова е мојата најнова колекција под име "Предоцна извадено". |
|
|
|
|